Словенија, Хрватска и Србија зафатени од силно невреме

Словенија, Хрватска и Србија синоќа беа зафатени од силно невреме со дожд, грмежи и град, кое предизвика материјални штети.

Словенија ја зафати силно невреме со обилни врнежи, налети на ветер и град, а најмногу штети има во Долењска, каде густиот град уништи посеви, а силните налети на ветер оштетија и носеа покриви на куќи.

Поради невремето, Агенцијата за животна средина (Арсо) издаде портокалово предупредување за целата земја, јави Словенечката телевизија.

Обилните дождови предизвикаа лизгање на земјиштето, а силните ветрови урнаа дрвја, столбови за струја и покриви на станбени, деловни и други згради.

Силно невреме синоќа ја зафати и Хрватска, претежно Славонија и Загреб, а силниот ветер, дождот проследен со грмежи и град создаде огромни проблеми во Сисак, Винковци, Славонски Брод и Жупања.

Во Загреб, поради оштетување на електричната мрежа и паднати дрвја, трамваите не сообраќаат, а делови од градот останале без струја. Кон крајот на вечерта врнел силен дожд, поради што делови од градот биле поплавени.

Невреме со силен дожд пропратен со грмежи синоќа ја зафати и Србија. Во главниот град врнеше силен дожд проследен со грмежи. РХМЗ претходно предупреди дека силна конвективна облачност од подрачјето на Срем се движи кон Белград на запад и дека се очекуваат интензивни врнежи со грмежи во околината на Белград.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот