„Слободен печат“ дознава: Пронајдено и одземено оружје од станот на Груевски во Скопје

Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

При вчерашниот претрес по налог на Јавното обвинителство во стан во Скопје на поранешниот премиер Никола Груевски, пронајдено е и одземно оружје, дознава „Слободен печат“ од извори во Обвинителството.

Станува збор за 4 пиштоли за кои Груевски немал дозвола по што тие се подигнати и ќе бидат предмет на натамошна истрага, дознава „Слободен печат“.

Според шефицата на јавното обвинителство Вилма Русковска, вчера полицијата и обвинителството извршија претрес во објектите за кои дополнително се обезбедени материјални и вербални докази дека се сопственост на Никола Груевски.

Јавното обвинителство на РСМ вчера кратко соопшти дека по барање на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција  извршиле претрес во повеќе објекти. „Претресот е во рамки на истражните дејствија во предметот во јавноста познат како „Плацеви на Водно“. Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција продолжува во континуитет да презема дејствија во насока на целосно расчистување на предметот“.

Не е прецизирано за колку објекти станува збор, но неофицијално се работи за 4 станови, два на улицата „Бихаќка“, на име на Надежда Груевска како и еден во Капиштец и еден во Аеродром.

Истрагата ја води обвинителката Лиле Стефановска во рамки на случајот „Плацеви на Водно“ во кој екс премиерот Груевски е првоосомничен дека со пари кои во партијата ВМРО-ДПМНЕ се слевале од членството, купувал плацеви на Водно,  преку фирмата на неговиот поранешен кум Ристо Новачевски кој е третоосомничен во овој случај. Истрагата за перење на пари ги товари и Сашо Мијалков и Орце Камчев како второ и четвртоосомничени, поради што пред две недели во притвор се најде и богатиот бизнисмен. Неговата мајка Ратка Камчева е исто така меѓу осомничените во случајот.

Груевски кој последниве две и пол години ужива азил во Будимпешта преку Фејсбук го негираше постоењето на имотот кој овие денови е предмет на обемна истрага.

Вчера во исто време полицијата и обвинителството извршија претрес и во објект сопственост на екс министерот за транспорт Миле Јанакиески.

 

Претреси во станот на Миле Јанакиески во Прилеп и во станови на Груевски во Скопје

 

Се јави Груевски од Будимпешта: Ова е политички прогон против мене

Претреси во станот на Миле Јанакиески во Прилеп и во станови на Груевски во Скопје

 

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот