Следната недела ќе почне процедурата за законот што ќе го замени балансерот, вели вицепремиерот Фетаи од „Вреди“

Вицепремиерот од редовите на коалицијата „Вреди“, Арбен Фетаи, во интервју за „Алсат“ вели дека идната недела ќе почне јавната расправа за новиот Закон за правична и соодветна застапеност, кој треба да го замени балансерот, суспендиран од Уставниот суд, како алатка за вработување Албанци и припадници на другите немнозински етнички заедници во јавната администрација.

„Законот за правична и соодветна застапеност е дел од коалицискиот договор со ВМРО-ДПМНЕ. Овој проект е подготвен во оваа фаза. Следната недела ќе видите дека ќе започнеме јавна дебата во врска со донесувањето на законот за правична и соодветна застапеност, со што ќе се елиминира можноста за злоупотреби со лажни изјави за национална припадност, а ќе се создадат механизми за спроведување кои се задолжителни за институциите”, рече Арбен Фетаи, вицепремиер, ВЛЕН.

На прашањето дали премиерот Мицкоски е запознаен дека имаат подготвен закон, со оглед на тоа што тој вели дека таков закон нема, Фетаи вели:

„Премиерот Мицкоски, секако, е запознаен дека го имаме нацрт-законот во рака и дека сме подготвени да ја започнеме собраниската процедура уште следната недела“.

Во однос на неизгласувањето на уставните измени за внесување на Бугарите во Уставот во првите 100 дена од владата, Фетаи рече дека се надева оти до крајот на годината ќе биде затворена процедурата со цел земјата да не остане на последниот воз во однос на евроинтеграциите

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот