Скопје, Битола, Тетово и Кичево ќе добијат 620 милиони денари за инвентер-клими

Фото: Слободен печат/ Драган Митрески

На продолжение на седница на Владата денеска се усвоени измени во Програмата за намалување на аерозагадувањето за 2019 година, со која се издвојуваат 741.000.000 денари за замена на загадувачки системи за греење во јавните објекти и во домаќинствата, како и за опрема за енергетска ефикасност и создавање нови зелени урбани површини.

– Од овие средства, 620.000.000 денари ќе им бидат префрлени на општините во Скопје, Битола, Тетово и Кичево, со што се овозможува втората фаза од проектот за замена на грејните тела на фосилни загадувачки горива со високоефикасни инврертер-клими за 10. 000 домаќинства, соопшти владината прес-служба.

Владата на оваа седница донесе одлука и да го прифати барањето на Општина Крушево од централниот буџет да бидат одобрени 4,2 милиони денари за финансирање на проектот „Изградба на дел од инфраструктура во Центар за параглаjдинг во Крушево”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот