Скопјанец уапсен во Кисела Вода, сакал да тепа поранешни колеги од работа

Жител на Скопје вчера бил уапсен поради напад врз полицаец и агресивно однесување кон поранешни колеги од работното место, соопшти полицијата.

„На 27.09.2024 во 13.45 часот во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници при СВР Скопје го лишиле од слобода Г.Т.(35) од Скопје затоа што физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија и агресивно однесувал кон колеги од фирмата во која порано работел“, велат од МВР.

По целосното документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот