Скопјанец со закана од нож ги грабнал двете деца од сопругата

24-годишен жител на Скопје со закана од нож и физичка сила ги грабнал двете деца од неговата невенчана сопруга, соопшти полицијата.

„На 29.09.2024 во 22.40 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода А.Ш.(24) од Скопје, по претходна пријава дека околу 19.30 часот во прифатен центар за бездомни лица во с.Визбегово, скопско, со закана со остар предмет и физичка сила од неговата 23-годишна вонбрачна сопруга ги одзел нивните две малолетни деца. Известен бил Центарот за социјална работа, а малолетниците биле вратени на нивната мајка“, велат од МВР.

По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна кривична пријава, додаваат од МВР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот