Скопјанец си присвоил изнајмен автомобил, доби кривична пријава

Фото: Felix Wong

52-годишен жител на Скопје изнајмил автомобил од рентакар-компанија, но потоа не го вратил според договорот, соопшти полицијата.

„СВР Скопје поднесе кривична пријава против С.Ц.(52) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „затајување“. Пријавениот, од компанија за изнајмување на возила, изнајмил патничко возило „киа“, кое не го вратил според договорот и се стекнал со противправна имотна корист од 979.530 денари“, пишува во полицискиот билтен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот