Скок од едно место за Калин на првата АТП ранг листа во 2024 година

Фото: mtftennis.mk

Почетокот на новата година, воедно и почеток на нова недела значи и нова ранг-листа на АТП. Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски новата година ја почнува од 325. то место со скок од едно место во однос на минатата недела со ист број поени – 159.

Горазд Србљак има 10 поени и се наоѓа на 1057. то место и има пад од пет позиции. Трет македонски тенисер со сингл ранг е Обрад Марковски – 1.453.то место со 3 поени и има скок од едно место.

Во конкуренција на двојки Ивановски има исто така напредок за едно место и се наоѓа на 674. то место со 71 поен. Берк Бугариќ е на 1.349.то место со 16 поени (пад за две места), додека Обрад Марковски е рангиран на 1.756.то место со 7 поени (пад за пет места). Ранг во конкуренција на двојки има и Елдин Хусеиновиќ – 2.123.то место со три поени (пад за две места).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот