Синер со пресврт до второто коло на турнирот во Пекинг

Фото: EPA-EFE/WU HAO

Италијанецот Јаник Синер потешко од очекувањата дојде до пласман во второто коло на турнирот во Пекинг. Првиот светски тенисер со 2:1 во сетови го совлада Чилеанецот Николас Жари (4:6, 6:3, 6:1).

Средбата траеше скоро два часа, а за Синер ова беше прва победа во вториот меѓусебен дуел со Жари.

Првиот сет неочекувано го доби Чилеанецот откако направи брејк во седмиот гем од првиот сет, но потоа фаворитот ја презема контролата над натпреварот и во наредните два сета му препушти само два гема на противникот.

Противник на Синер во второто коло ќе му биде подобриот од мечот помеѓу Вавринка и Сафиулин. Турнирот во Пекинг се игра за награден фонд од 3.7 милиони долари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот