Синдикатот застана зад кандидатурата на Анджеј Дуда за изборите во Полска во недела

Анджеј Дуда/ Фото ЕПА

Дуда и синдикатот „Солидарност”, што има неколку стотици илјади членови, и е близок до ПиС, денеска договорија платформа, која вклучува ветување за доделување финансиска помош на оние кои ќе ја загубат својата работа поради пандемијата.

Полскиот претседател Анджеј Дуда, кој се кандидира за реизбор на функцијата, денеска ја доби поддршката на синдикатот „Солидарност”, што е пријателски настроен кон полската Влада.

Изборите, што ќе се оддржат само преку гласање по пошта, се закажани за недела, но организацијата на овој процес наидува на безброј правни, уставни, технички и безбедносни пречки.

Владеачката десничарска партија на „Правото и правдата” (ПиС) со недели наназад е под силен притисок да го отложи гласањето заради пандемијата, со повиците за забавување, што доаѓаат од либералната опозиција, здравствените работници, поголем дел од јавноста, па дури и од одредени владини сојузници.

Засега ПиС упорно го одбива барањето, а аналитичарите тврдат дека аргументите за тоа се дека нивниот сојузник Дуда има подобри шанси да победи порано отколку подоцна, иако оддржувањето на гласањето во недела се чини станува се понеостварливо.

Дуда и синдикатот „Солидарност”, што има неколку стотици илјади членови, и е близок до ПиС, денеска договорија платформа, која вклучува ветување за доделување финансиска помош на оние кои ќе ја загубат својата работа поради пандемијата.

Во последните пет години „секогаш сме биле во состојба да сметаме на претседателот во тешките ситуации”, изјави лидерот на „Солидарност”, Пјотр Дуда, кој не е во роднинска врска со претседателот.

Лидерот на „Солидарност”, исто така, потсети дека главниот соперник на актуелниот претседател – Владислав Косињак-Камиш, кој е шеф на конзервативната партија на земјоделците – во 2012 година одигра важна улога во зголемувањето на возраста за пензионирање – до 67 години за сите.

Откако во 2015 година ПиС дојде на власт, по две години, во 2017 година,  возраста за пензионирање ја намали до 60 години за жените и 65 за мажите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот