Симиќ: Ако го оставиме срцето на теренот, резултатот ќе биде во наша корист против Словачка и Норвешка

фото: kfsm.mk

Македонскиот кошаркарски репрезентативец Андреј Магдевски е подготвен да го даде својот максимум на престојните два натпревари од третиот и последен ФИБА „прозорец“ од претквалификациите за Евробаскетот 2023.

Новиот организатор на играта на холандскиот Донар од Гронинген смета дека најважно е да ја имаме потребната „свежина“ за дуелите со Словачка (23 февруари) и Норвешка (26 февруари).

– Немаме многу време да се подготвиме,но како е за сите така е и за нас. Моментално најважно е сите играчи што играа на Купот да успеат да се опорават и да бидат спремни за претстојните два натпревари. Што се однесува на репрезентациите на Словачка и Норвешка, добро ги познаваме. Ќе се обидеме да ги искористиме нивните маани и да дојдеме до посакуваната цел, а тоа е преминување во наредна фаза од квалификациите. Атмосферата во тимот е на највисоко ниво и се надевам истата ке ја пренесеме и на теренот – се зборовите на Магдевски.

Најмладиот играч во нашиот репрезентативен ростер, Теодор Симиќ ќе ги чека своите минути и на овие дуели во Левице и во Осло:

– Од овој „прозорец“ очекувам да го дадеме сите својот максимум и дека ако биде така, сето тоа ќе резултира со победа. Да бидеме концентрирани на играта, да влеземе мотивирани и да се вратиме, се надевам, со две победи. Ако го оставиме срцето на терен резултатот ќе биде во наша корист – вели Симиќ.

Јончевски пред Словачка и Норвешка: Имаме четири победи, но еден кикс може да не врати долу на табелата

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот