Силувана од роднините, колегите го сметале за луд, загуба на родителите и беспарица: Животните приказни на Опра, Ајнштајн, Стивен Кинг и други познати личности

Instagram
Instagram

Нивните животи сигурно ќе ве „разбудат“ и ќе ве натераат да сфатите дека дури и кога не ја гледате светлината на крајот од тунелот – таа постои!

Постигнувањето на посакуваните цели може да биде тешко, особено ако постојано наидувате на негативен одговор. Но, важно е да се запамети како лошите аспекти водат кон добрите, и дека животот едноставно функционира на тој начин. Затоа, погледнете ги мини биографиите на пет познати личности кои имале тешко детство, доживеале сиромаштија, злоупотреба, изолација и недоразбирање. Заедничко за нив е дека тие никогаш не се откажале, затоа немојте ни вие.

J. К. Роулинг

Само три години пред објавувањето во јавноста на првата во низата книги за младиот волшебник Хари Потер, авторката на ова волшебно книжевно дело имала прилично комплициран живот. Како скоро разведена од својот партнер, живеела од социјална помош и едвај го прехранувала своето дете. Роулинг била во финансиска криза, не можела да си дозволи компјутер или да печати книга. Така, таа рачно искуцала 90.000 зборови на машината за пишување, а потоа ги испратила во разни издавачки куќи. Добила безброј негативни одговори пред лондонската издавачка куќа Bloomsbury да покаже интерес. Интересно е што тоа се случило откако осумгодишната ќерка на режисерот ја прочитала книгата и била воодушевена .

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Arré (@arreindia)


Стивен Кинг

Уште еден литературен гениј имал тежок почеток во кариерата. Стивен и неговата сопруга живееле во приколка, биле толку сиромашни што позајмувале облека од пријатели и престанале да  користат телефонот затоа што не можеле да платат за тоа. Стивен работел разни работи за да го издржува своето семејство, но истовремено упорно пишувал. Ги чувал сите писма со одбивање од издавачките куќи, а ги имало точно 60, пред да ја објават неговата прва приказна „The Glass Floor“. За неа добил хонорар од 35 долари. Дури и неговиот роман и „Carrie“ на почетокот не бил многу успешен, сè додека не „паднал во рацете“ на издавачката куќа „Signet Books“, што му даде на писателот 200.000 американски долари за авторски права.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Oprah (@oprah)


Опра Винфри

Обожаваната телевизиска водителка, морала да се справи со многу болни напади во текот на нејзината кариера. Била критикувана за бојата на кожата, сексуалноста и физичкиот изглед, но тоа никогаш не ја уништило нејзината амбиција да успее. Сепак, она што многумина не го знаат е како изгледало нејзиното трауматично детство . Како дете, Опра била сексуално злоставувана од нејзиниот вујко, роднини и семејни пријатели. Родила дете кога имала само 14 години, но за жал починало две недели подоцна. Сепак, Опра завршила средно училиште како најдобра ученичка и добила стипендија за колеџ. За време на студиите, започнала да работи на една локална телевизија, а остатокот, како што велат, е историја.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Albert Einstein (@alberteinstein)


Алберт Ајнштајн

Иако многумина го сметаат за најпаметен човек досега, научникот Алберт Ајнштајн не зборувал до својата трета година. Доцна научил да чита, а многумина сметале дека е ментално заостанат. Алберт се пријавил на Швајцарскиот Федерален Институт за технологија во Цирих, Швајцарија, но го примиле дури при неговиот втор обид. Таму ја отфрлиле неговата докторска дисертација, која ја нарекле ирелевантна, што подоцна, се разбира, скапо ги чинело. По дипломирањето, тој работел како службеник во агенција за патенти, бидејќи не успеал да се вработи како доцент. Кога теоријата на релативноста на Ајнштајн станала јавна во научната заедница, тогаш сите почнале да ја сфаќаат нејзината величина. Сепак, во тоа време Алберт имал многу колеги кои го сметале за луд и со потсмев ги отфрлиле сите негови идеи. Подоцна, Ајнштајн станал професор на универзитетите во Цирих и Прага. На сите им станало јасно дека Алберт е апсолутен генијалец дури кога ја добил Нобеловата награда во 1921 година за неговите достигнувања.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Shania Twain (@shaniatwain)


Шанаја Твејн

Оваа поп – кантри пејачка не започнала да пее од љубов, туку поради присила. Имено, откако нејзините родители се развеле, Шанаја морала да им помогне на својата мајка и очувот за да преживеат. Затоа, започнала да пее во кафеаните на осумгодишна возраст, во многу чудно време, па се сеќава како нејзината мајка често ја будела среде ноќ за да оди на работа. Кога имала 21 година, нејзината мајка и очувот загинале во сообраќајна несреќа , па останала да се грижи за нејзините две помали сестри и брат. Поради нив, решила да ја одложи својата сериозна музичка кариера и дури кога нејзиниот најмлад брат завршил средно училиште, се спакувала и заминала во Нешвил за да се посвети на пеењето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот