ВИДЕО | Сиљановска-Давкова: Во армијата како институција со најголема доверба во државата е неопходно понатамошно вложување

Претседателката и врховен командат на Армијата Гордана Сиљановска-Давкова денеска го посети Генералштабот на армијата и Министерството за одбрана за прв пат откако беше избрана за претседател на државата.

По официјалниот пречек пред Министерството за одбрана, Сиљановска-Давкова оствари средба со министерот за одбрана Владо Мисајловски, началникот на Генералштабот на армијата, генерал потполковник Васко Ѓурчиновски, генералите во армијата и раководните лица во Министерството за одбрана.

Претседателката по посетата на социјалните мрежи напиша дека во Армијата како институција со најголема доверба во државата е неопходно понатамошно вложување за подобрување на условите за живот и работа во сите сместувачки капацитети.

-Очекувам дека Армијата, како и досега, ќе продолжи со истата посветеност да ја исполнува својата уставна должност да го штити територијалниот интегритет и независност, а армиските припадници да продолжат да бидат пример за професионализам, дисциплина и посветеност, како што доликува на земја-членка на НАТО – напиша Сиљановска-Давкова на социјалните мрежи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот