Сиљановска-Давкова се сретна со генералот Ѓурчиновски

Фото: Кабинет на претседателот

Во „Вила Водно“, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова се сретна со началникот на генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски.

На средбата, прва по стапувањето на функцијата, претседателката Сиљановска-Давкова беше информирана за тековните активности на Армијата во остварувањето на задачите за заштита на територијалниот интегритет и независноста, подготвеноста за исполнување на националните и на меѓународните обврски, придонесот во колективната самоодбрана, меѓународните операции и заштита на пошироките национални интереси.

Сиљановска-Давкова го изрази своето уверување дека македонската армија, како и досега, ќе продолжи со истата посветеност да ја исполнува својата уставна должност да го штити нашиот територијален интегритет и независност, а армиските припадници да продолжат да бидат пример за професионализам, дисциплина и посветеност, како што доликува на земја-членка на НАТО.

Претседателката Сиљановска Давкова ја истакна својата определба, како Врховен командант на вооружените сили, секогаш да дава поддршка за натамошно опремување и модернизација на Армијата и подобрување на условите за живот и работа на армиските припадници.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот