Сиљановска Давкова објави фотографија со Бајден и неговата сопруга

Претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова на нејзината фејсбук-страница објави заедничка фотографија со претседателот на Соединетите Американски Држави Џо Бајден и неговата сопруга Џил. Двајцата претседатели на фотографијата се држат за рака.

– Срдечен поздрав во знак на меѓусебно разбирање и поддршка. Изразив восхит од инспиративните обраќања на претседателот Бајден и неговата сопруга Џил на приемот за шефови на држави, пишува Сиљановска-Давкова во објавата на Фејсбук.

Таа во Њујорк присуствувала на приемот што го приредиле претседателот и првата дама на САД за шефовите на делегациите на Генералното собрание на Обединетите нации.

Претседателката вчера имаше обраќање на 79. Генералното собрание на ОН во Њујорк.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот