Силен земјотрес од 6,8 степени ја погоди островската држава Тонга

Земјотрес /Фото: МИА

Силен потрес со магнитуда од 6,8 степени според Рихтеровата скала ја погоди островската земја Тонга во западниот дел на областа Полинезија во Океанија, соопшти Американскиот геолошки завод.

Земјотресот се случил на длабочина од десет километри, под Тихиот Океан, пренесува Ројтерс.

Американскиот национален центар за цунами соопшти дека не се очекува појава на цунами по силниот потрес.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот