Силен земјотрес на брегот на Камчатка – 6,3 степени

Русија Камчатка фото МИА

Земјотрес со јачина од 6,3 степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди областа во близина на источниот брег на руската област Камчатка, соопшти Германскиот истражувачки центар за геонауки (ГФЗ).

Земјотресот се случил на длабочина од 10 километри, соопшти ГФЗ, пренесе „Ројтерс“.

Засега нема информации за евентуални жртви или причинета материјална штета.

Реонот кој го погоди земјотресот е слабо населен и во него речиси нема населени места.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот