Сиера Леоне ги забрани детските бракови

Сиера Леоне / Фото EPA-EFE/IBRAHIM BARRIE

Сиера Леоне официјално ги забрани детските бракови, а претседателот Јулиус Маада Био потпиша закон за укинување на сè уште распространетата практика.

Поддржувачите на новиот Закон се надеваат дека тој подобро ќе ги заштити девојчињата во Сиера Леоне, од кои околу една третина стапуваат во брак пред да наполнат 18 години, зголемувајќи ја стапката на мајчинска смртност поради физичките ризици со кои се соочуваат во бременоста, според Министерството за здравство.

Според Законот, секој маж кој ќе се ожени со девојка помлада од 18 години може да се соочи со најмалку 15 години затвор и парична казна од околу 4.000 долари. Родителите или оние кои присуствуваат на такви свадбени церемонии, исто така, може да се соочат со парични казни.

Американската канцеларија за африкански прашања го поздрави усвојувањето на Законот како „важна пресвртница (која) не само што ги штити девојчињата, туку промовира силна заштита на човековите права“. Западна и Централна Африка имаат највисока преваленца на детски бракови во светот и е дом на речиси 60 милиони деца невести, според УНИЦЕФ.

21-годишната поранешна невеста од Сиера Леоне, која сакаше да остане анонимна, изјави за Ројтерс дека била принудена да се омажи на 14-годишна возраст и размислувала да оди на суд бидејќи новиот закон ќе ѝ дозволи да поднесе барање за поништување.

Законот треба да го „скрши циклусот на раните бракови и неговите погубни последици“, вели истражувачот на Хјуман рајтс воч, Бети Кабари. „Тоа исто така го отвора патот за другите африкански земји, како што се Танзанија и Замбија, да ги укинат законите што дозволуваат детски бракови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот