Си-ен-ен: Меѓу целите на иранскиот напад беше и седиштето на Мосад во Тел Авив

Проектил лета над Горна Галилеја, северен Израел, 01 октомври 2024 година. Израелската војска изјави дека Иран лансирал проектили кон Израел / ЕПА-ЕФЕ/АТЕФ САФАДИ

Меѓу целите на синоќешниот ирански ракетен напад врз Израел беа аеродроми и писти, како и канцелариите на израелската меѓународна разузнавачка служба Мосад, јави Си-ен-ен.

– Цел (на иранскиот напад) беше и штабот на Мосад, кој се наоѓа во северниот дел на Тел Авив, во густо населена област и постои загриженост, и покрај тоа што Иран го смета за воена цел, тоа е густо населена област каде што живеат многу цивили – рече новинарот на Си-ен-ен од Тел Авив, Џим Шиуто.

Иранската револуционерна гарда претходно синоќа соопшти дека лансирала повеќе од 100 ракети врз Израел како одговор на неодамнешното убиство на политичкиот лидер на Хамас Исмаил Ханије, лидерот на Хезболах Хасан Насралах и заменик-оперативниот командант на ИРГЦ Абас Нилфорушан.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху по нападот изјави дека Иран направил „голема грешка“ и оти „ќе плати за тоа“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот