Швајцарија – Италија: Познати составите за првото осминафинале на ЕП

Фото: EPA-EFE/MOHAMED MESSARA

Селекторот на Италија, Лучијано Спалети се соочи со проблеми пред денешното осминафинале против Швајцарија, а тоа придонесе за измени во составот.

На местото на суспендираниот Калифиори во одбраната ќе игра Манчини, додека Дармијан ќе стартува како лев бек на местото на Димарко кој е повреден. Исто така од првата минута стартува и Фаџоли. Херојот од натпреварот со Хрватска, Закањи сега остана на клупата.

Швајцарија од друга страна не го промени многу составот. Најистурен во нападот е Брел Емболо кој ќе биде задолжен за голови. Можеби мало изненадување е оставањето на Џердан Шаќири на клупата.

Фото: Screenshot

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот