Швајцарците ја намалија референтната каматна стапка на еден процент

Швајцарската национална банка (СНБ) ја намали референтната каматна стапка за 25 базични поени, на еден процент. Каматните стапки се намалени по трет пат оваа година, а претставниците на банката најавија дека се подготвени за натамошни намалувања на каматните стапки во наредните квартали за да се обезбеди стабилност на цените и да се ограничи јачината на швајцарскиот франк, пренесува Блумберг.

Централната банка очекува инфлацијата во Швајцарија да биде 1,2 отсто оваа година и да падне на 0,6 отсто во 2025 година, пред повторно да се зголеми на 0,7 отсто во 2026 година, што во сите случаи претставува надолна ревизија во споредба со претходната прогноза.

Народната банка на Швајцарија ја задржа својата претходна прогноза за инфлација и сега ја гледа на околу еден процент во 2024 година и 1,5 отсто во 2025 година. Економистите на њујоршката агенција очекуваат дека банката дополнително ќе ги намали каматните стапки во декември за уште 25 базични поени на 0,75 отсто, пренесува Танјуг.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот