Швајцарци го обвинија Ѓоковиќ дека блефира со операцијата на коленото

Фото: EPA-EFE/NEIL HALL EDITORIAL

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ многу брзо се врати на терените по повредата на Ролан Гарос и оствари триумф во првото коло на Вимблон, а на теренот не изгледаше дека операцијата оставила последици.

Но, швајцарскиот медиум „Ноје Цирхе цајтунг“ објави текст во кој изрази сомневање дали Ѓоковиќ навистина бил опериран или блефирал пред еден од најголемите турнири.

Во текстот се наведува дека Ѓоковиќ се повредил на Ролан Гарос и прогнозите биле дека ќе се врати на Олимписките игри. Исто така се потсетува и на ситуација кога Роџер Федерер го оперирал менискусот.

„Операциите на коленото се деликатни и тоа е познато ширум светот, не само во Швајцарија. Федерер во 2020 година го повреди менискусот додека ја бањаше својата ќерка, еден ден по поразот во полуфиналето од Ѓоковиќ. Мораше на операција и тоа беше почеток на крајот на неговата голема кариера“, се наведува во текстот.

Како и да е Ѓоковиќ се појави на Вимблдон и сега во второто коло го чека меч против Џејкоб Фирнли.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот