Што велат организаторите: Дали Кејт Мидлтон ќе дојде на Вимблдон и ќе го врачи победничкиот трофеј?

Кејт Мидлтон и Новак Ѓоковиќ / Фото: Профимедиа

Кејт Мидлтон традиционално им ги доделува трофеите на најдобрите тенисери на Вимблдон, а според гласините, таа ќе присуствува и на овогодинешниот турнир кој ќе трае од 1 до 14 јули.

По тој повод, претседателката на клубот „Ол Ингланд“, Деби Јеванс, изјавила дека, во случај Кејт да ги промени плановите, подготвена е да најде замена за врачувањето на пехарот, пренесе „Јаху“.

Кејт Мидлтон, која најави враќање на официјалните обврски на обележувањето на официјалниот роденден на кралот Чарлс Трети, низ годините им доделуваше трофеи од Грен слем турнирите на многу светски асови, меѓу кои и на Новак Ѓоковиќ.

Додека не ѝ беше дијагностициран рак, самата Кејт играла тенис, а уште од 2016 година е покровител на АЕЛТС.

– Се надеваме дека принцезата од Велс, како покровител на клубот, и оваа година ќе биде во можност да ги врачи трофеите, но нејзиното здравје и закрепнување се на прво место. Се радуваме на повторната соработка со неа, но исто така рековме дека ја оставаме отворена можноста некој друг да го направи тоа наместо неа. Сè уште не знаеме кој би можел да ја замени, но ќе размислиме. Засега сè уште сме флексибилни – изјавила Деби Јеванс за „Телеграф спорт“ и додала дека ќе размисли за тоа што е најисправно.

Иако сè уште не е познато кој потенцијално би можел да ја замени Кејт Мидлтон, се шпекулира дека тоа би можело да биде еден од членовите на кралското семејство, но и самата Деби Јеванс, која своевремено се натпреварувала на Вимблдон.

Исто така, претставници на кралската палата рекле дека сè уште е рано да се зборува за ангажманот на Кејт Мидлтон, со оглед на процесот и природата на лекувањето на болеста која ѝ е дијагностицирана.

Од сите членови на кралското семејство, 10 од нив врачуваа трофеи на Вимблдон низ годините, откако кралот Џорџ Петти стана првиот претседател на клубот во 1907 година.

Кејт ја презеде улогата на покровител од кралицата Елизабета Втора, која неколкупати ја извршуваше таа задача помеѓу 1952 и 2016 година.

Да потсетиме, Кејт Мидлтон, шест месеци по божиќната прошетка во Сандрингем, се појави на овогодинешната прослава на официјалниот роденден на кралот Чарлс Трети, а во меѓувреме стана поактивна на социјалните мрежи, кога објави фотографии од принцот Вилијам и нивните децата, Шарлот, Џорџ и Луис, за Денот на таткото, а потоа и за 42-от роденден на нејзиниот сопруг.

ФОТО | По долго времe: Објавена заедничка фотографија на Кејт Мидлтон и принцот Вилијам

Кејт Мидлтон се враќа во јавноста побрзо отколку што мислевме? Еве каде се очекува да се појави принцезата

ФОТО | По долго времe: Објавена заедничка фотографија на Кејт Мидлтон и принцот Вилијам

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот