Што ќе содржи грчката „Велигденска кошничка“?

Фото: Unsplash

Од денеска, во супермаркетите стапува на сила „Велигденската кошничка“ која ќе вклучува јагнешко, козјо, бриош и чоколадни јајца и таа ќе трае до 15 април, објави Катимерини.

„Имавме неколку разговори и со фармерите и со супермаркетите за цената што може да ја имаме за јагнешкото и козјото. Оваа година јагнешкото и козјото имаат невиден пораст во споредба со лани. Целта е цената на јагнешкото да остане околу 10 евра“, изјави министерот за развој Адонис Георгијадес.

Фармерите и месарниците, сепак, се изјаснија против вклучувањето на јагнињата во „кошничката“.

„Доколку се направи обид да се продаде јарешко месо по цена од речиси десет евра за килограм, со тоа ќе се „затворат“ малите месарници кои ги поддржуваат како достојни партнери луѓето од сточарскиот сектор“, изјави Димитрис Мошос, потпретседател на Грчкото сточарско здружение (СЕК).

Со трошоците за производство оваа година јарешкото месо е близу десет евра за килограм, во споредба со 8,5-9 евра за килограм минатата година. Мошос забележува дека грчките сточари „во никој случај“ не можат да одвојуваат јагниња и јариња за Велигден по цена од помалку од девет евра за килограм.

„Со оваа цена, во споредба со 7,5 евра за килограм минатата година, ние грчките сточари сме повторно губитници, бидејќи не само што не ставаме во џеб, туку не ги ни изедначуваме трошоците за производство“, рече тој.

Мошос процени дека крајната потрошувачка цена за грчкото јагнешко и кози ќе се движи од 13-14 евра/кг, што е блиску до минатогодишното ниво кога изнесуваше 12-13,5 евра/кг.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот