„Шпигел“ за патувањето на Зеленски во Америка: Понижување и ужас

Украинскиот претседател Володимир Зеленски и републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп за време на нивната средба во кулата Трамп во Њујорк, САД, 27 септември 2024 година. Претседателот Володимир Зеленски пристигна во САД на 22 септември 2024 година за да се сретне со највисоките функционери и да го претстави својот план за запирање на војната со Русија. EPA-EFE

Патувањето на украинскиот претседател Володимир Зеленски во Соединетите Американски Држави германскиот весник „Шпигел“ го опиша со два збора – „понижување и ужас“.

Тој впечаток произлегува од паничното изразување на лицето на Зеленски за време на прес-конференцијата по средбата со поранешниот американски претседател Доналд Трамп, пишува германскиот магазин.

Двајцата политичари не најдоа заеднички јазик за ниту едно прашање, а „хоророт на лицето на Зеленски“ беше видлив за време на неговата средба со Трамп.

Состанокот во Њујорк бил „ладен и јасно ставил до знаење дека меѓу нив двајца воопшто нема никаква хемија“.

„Буквално можевте да ја видите непријатноста на лицето на Зеленски додека во петокот стоеше пред камерите до републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп. Но, украинскиот претседател веќе има стекнато доста искуство во поднесувањето на понижување“, цинично забележува „Шпигел“.

Причината за непријатноста е изјавата на Трамп дека Владимир Путин сака „фер договор“ и е подготвен да стави крај на војната со Украина. Освен ова, Трамп, стоејќи до Зеленски, истакна дека има „многу добри односи“ со Путин.

На овие зборови Зеленски реагираше со забелешка: „Се надевам дека нашите односи со вас ќе бидат подобри“.

Трамп кратко и остро одговори: „Потребни се двајца за да танцуваат танго“.

Пред оваа средба, Трамп и другите републиканци остро го критикуваа Зеленски за неговата посета на Пенсилванија, во режија на луѓе од владејачкиот демократски естаблишмент.

Без разлика на овие критики, Зеленски отиде да се сретне со Доналд Трамп бидејќи „тој веќе е навикнат да ги потиснува своите чувства и да голта понижување“.

– Тој нема друг избор. Заради опстанокот на својата земја, тој често е принуден да игра лоша игра …“, пишува германскиот весник, додавајќи дека дискусијата со Трамп била убедливо најнепријатниот момент за време на посетата на Зеленски на САД.

Американскиот претседател Бајден допрва треба да им ја даде долгоочекуваната дозвола на Украинците да користат американско оружје за да гаѓаат воени цели длабоко во Русија.

Сепак, „Планот за победа“ на Зеленски – пакет-мерки за зајакнување на Украина – беше ладно примен во Белата куќа. Уште пред средбата западните дипломати изјавија дека не се импресионирани од планот.

Повикувајќи се на добро информирани извори, Блумберг пренесува дека западните претставници се обиделе да ги намалат очекувањата од украинскиот предлог, нагласувајќи дека во него не гледаат пробив.

– Во таканаречениот победнички план немаше вистински изненадувања, а нема да донесе ниту суштински промени. Мрачната процена на планот укажува на растечки песимизам меѓу сојузниците како што војната се одолговлекува во третата година“, пишува Блумберг.

Слична оценка дава и „Волстрит журнал“ кој наведува дека САД „не се импресионирани“ од планот за победа на Украина.

„Администрацијата на Бајден е загрижена што предложениот план на украинскиот лидер за победа во војната против Русија не вклучува сеопфатна стратегија и не е ништо повеќе од препакувано барање за повеќе оружје и укинување на ограничувањата за ракетни напади со долг дострел“, рече извори наведени од американската влада.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот