Шпанија со Надал во завршницата од Дејвис купот

Фото: EPA-EFE/DANIEL IRUNGU

Легендарниот шпански тенисер, Рафаел Надал го потврди враќањето на терените. Шпанскиот ветеран ќе настапи на завршницата од Дејвис купот која од 19 до 24 ноември ќе се одржи во Малага.

Со оглед на формата и честите повреди со кои се соочува, голема е веројатноста овој турнир да биде и последен во кариерата на Надал.

Надал последниот настап го имаше во текот на Олимписките игри каде што беше поразен од Ѓоковиќ во сингл конкуренција, додека со Алкараз во двојки стигна до четвртфиналето.

Имаше најави дека ќе се појави на САД опен и Лајвер Купот, но на крајот настапите на овие два турнири беа откажани.

Во шпанската репрезентација покрај Надал на Дејвис купот ќе настапат уште: Карлос Алкараз, Баутиста Агут, Пабло Карењо Буста и Марсел Гранолерс. Холандија ќе биде противник на Шпанците, а преостанатите двојки се: Германија – Канада, САД – Австралија и Италија – Аргентина.

Титулата освоена минатата година ќе ја брани Италија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот