Шортс го однесе Телеком Бон на Ф4 турнирот во ФИБА Лигата на шампионите

фото: kfsm.mk

Екипата на Телеком Бон ќе биде учесник на завршниот турнир во ФИБА Лигата на шампионите, откако во „мајсторката“ го победи Стразбур (83:77).

Македонскиот репрезентативец Ти-Џеј Шортс и неговиот клуб од Германија со вкупни 2:1 во серијата се пласираа на завршниот турнир од најквалитентото клупско кошаркарско натпреварување на ФИБА.

Американскиот племејкер со македонски пасош одигра уште еден одличен натпревар. За 30 минути игра постигна 24 поени, половина од нив беа од линијата за слободни фрлања (12/13).

Со овој триумф, бундеслигашот доби шанса да се бори за својот прв меѓународен трофеј во 31 годишното постоење на клубот.

Пласманот на „Фајнал-фор“ турнирот е најголем успех досега на меѓународна сцена. Завршниот турнир ќе се одржи од 12 до 14 мај, а домаќинот ќе биде одреден дополнително, откако ќе бидат познати сите четири учесници.

Во полуфиналето, Телеком Бон ќе игра со подобриот од „мајсторката“ меѓу Хапоел Ерусалим и АЕК.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот