Шолц загрижен за политичките случувања во Франција

Олаф Шолц / Фото EPA-EFE/OLIVIER MATTHYS

Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска изрази загриженост за политичката ситуација во Франција, каде екстремно десничарската партија „Национален собир“ на Марин Ле Пен освои најголем број гласови во првиот круг од изборите.

Како што наведуваат светските агенции, ова е првпат Шолц, социјалдемократ, да изрази јасен став за политичката ситуација во Франција.

Германија и Франција го сочинуваат столбот на Европската унија и политичките промени во двете земји би можеле да ја нарушат рамнотежата. Поддршка за екстремно десничарската партија е забележана и во Германија, каде „Алтернатива за Германија“ моментално е на второто место во анкетите.

Вториот круг од парламентарните избори во Франција ќе се одржи на 7 јули.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот