Шолц верува дека Германија може да ја преживее зимата без руски гас

Олаф Шолц / Фото: EPA-EFE/STEPHANIE LECOCQ

Германија веројатно ќе ја преживее зимата без криза дури и ако запрат испораките на руски гас, изјави денеска канцеларот Олаф Шолц, додавајќи дека земјата би можела да ги искористи своите резерви на гас и да добие повеќе испорака од Норвешка или Холандија.

– Владата рано презеде мерки на претпазливост против таква криза со полнење на складишта за гас и изградба на терминали за течен природен гас, рече Шолц

– Дури и ако стане тесно, веројатно ќе ја преживееме зимата, рече Шолц, повторувајќи ја својата поддршка за изградба на гасовод од Шпанија преку Франција до остатокот од Европа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот