Шолц по две години сака да му се јави на Путин, тврдат германските медиуми

Фото Колаж на СП/ЕПА

Германскиот канцелар Олаф Шолц сака телефонски да разговара со рускиот претседател Владимир Путин за прв пат по речиси две години, објави денеска германскиот весник „Цајт“, повикувајќи се на владини извори.

Според информациите телефонски повик се планира да се случи пред состанокот на Г-20 во Бразил закажан во ноември. Сепак, барањето за разговор со Путин сè уште не е пристигнато од Берлин, наведува весникот. Доколку успее тој разговор, Шолц ќе биде првиот шеф на Влада од земјите кои најмногу ја поддржуваат Украина, кој ќе има директен контакт со Путин. Последниот телефонски разговор меѓу Шолц и Путин се одржа во декември 2022 година.

Американскиот претседател Џо Бајден, францускиот претседател Емануел Макрон и поранешниот британски премиер Борис Џонсон, исто така, последен пат директно разговарале со Путин во 2022 година.

Во средината на октомври во Германија ќе се одржат преговори за понатамошна поддршка на Украина со учество на претседателот Џо Бајден и други светски лидери. САД и Германија се најголемите добавувачи на оружје за Украина. Минатата недела, средбата меѓу украинскиот претседател Володимир Зеленски и Шолц се одржа на маргините на Генералното собрание на ОН зад затворени врати без преведувачи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот