Шолц: И покрај поддршката за Киев, ние нема да станеме дел од војната

Германија нема да стане дел од војната во Украина и покрај континуираната поддршка – германскиот канцелар Олаф Шолц уште еднаш се обиде да ги убеди германските граѓани.

„Да, давам гаранција. Стојам зад тоа како канцелар“, рече Шолц, пренесе ДПА.

Шолц не мисли дека може да има прекин на огнот во Украина под руски услови.

„Според мое мислење, прекин на огнот што вклучува капитулација на Украина е нешто што Германија никогаш не треба да го поддржи. Ова не е апстрактно прашање, како што можете да видите од овој чуден мировен предлог на Путин“, додаде германскиот канцелар.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот