Шолц: Германија е енергетски стабилна, се полнат складиштата со гас

Олаф Шолц
Олаф Шолц во Скопје / 11 јуни 2022 / Фото: EPA-EFE/Georgi Likovski

Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека Германија се подготвила за тешкотии поради недостигот на руски гас и е подготвена да ја помине зимата без прекини во снабдувањето со електрична енергија.

Тој нагласи дека Владата донела одлука за продолжување на работата на термоцентралите и нуклеарните централи и додаде дека се полнат складишта за гас и оти се градат терминали преку кои ќе се прима течен природен гас (ЛНГ).

Таквите одлуки ни помогнаа да обезбедиме стабилност на енергетските извори во Германија и веројатно ќе ја пребродиме оваа зима – рече Шолц.

Германија доби околу 60 милијарди кубни метри природен гас преку гасоводот Северен тек 1 во 2021 година. Гасоводот неодамна беше оштетен при саботажа, а Берлин сега сака да увезува ЛНГ, но мора да изгради доволен број терминали, кои ќе можат да го примаат гасот.

Досега завршен е само еден терминал, кој ќе почне со работа во јануари, а германската влада планира до крајот на 2023 година да изгради седум мобилни терминали за прием на ЛНГ на бреговите на Северното и Балтичкото Море со капацитет од повеќе од 30 милијарди кубни метри.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот