Шокантните обвинувања продолжуваат: Жена тврди дека Диди ја дрогирал, ја силувал и ја принудил да абортира

Шон Комбс - Диди / Фото: EPA/PAUL BUCK

Продожуваат обвинувањата против Шон Комбс, попознат како Диди, овој пат за дрогирање и сексуален напад.

Жената, која ја нарекуваат Џејн До, во тужбата поднесена во Њујорк, до која дојде Си-ен-ен, тврди дека Диди ја дрогирал со непознати супстанции, ѝ давал алкохол и сексуално ја нападнал во повеќе наврати. Обвиненијата се однесуваат на периодот од есен 2020 до лето 2024 година.

„На секоја посета, обвинетиот Комбс ја терал да настапува за него, ѝ давал алкохол и дрога додека не се онесвестила. Таа се будела со модринки и повреди, без да се сеќава како ги добила. Ова продолжило до јули 2024 година“, стои во тужбата.

Во тужбата се вели и дека Комбс „ја принудил Џејн До на вагинален однос без нејзина согласност“ во неговиот дом во април 2022 година. По друг наводен инцидент во пролетта 2022 година, жената „се разбудила и ги видела своите стапала виолетови и со модринки и имала трага од каснување на петицата“.

Џејн До тврди дека во јули 2022 година била принудена да зема кетамин, при што се онесвестила и била сексуално нападната, што резултирало со нејзина бременост. Според тужбата, еден од неговите соработници ја контактирал неколку пати за да ја убеди да абортира, но таа подоцна имала спонтан абортус.

Во јули 2024 година, според тужбата, Комбс „ја принудил Џејн До да дојде во неговиот дом во Мајами и ѝ бутнал две таблети во устата веднаш штом пристигнала“. Жената тврди дека „се обидела да ја испие водата, но имала чуден вкус што ѝ направила да не се чувствува добро“. Следното утро, таа се чувствувала лошо и збунето и не се сеќавала на она што се случило претходната вечер.

Во тужбата се наведува дека таа се плашела за својата безбедност откако била сведок на Комбс дека физички малтретирал други жени. Таа верува дека раперот ги следи нејзините разговори и локација. Според тужбата, Комбс ја малтретирал со повици и СМС пораки кои продолжиле до јули 2024 година.

Ова е последното во низата обвиненија за сексуален напад против Комбс и доаѓа нешто повеќе од една недела откако тој беше обвинет за рекетирање и трговија со луѓе за сексуална експлоатација. Тој се изјасни за невин. Неговото барање за ослободување беше одбиено и тој останува во притвор во очекување на судењето.

Адвокатот на Диди со бизарно објаснување зошто раперот имал 1.000 шишиња бебешко масло дома

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот