Шегите на сметка на Путин – крај за шоуто на Зеленски на руските телевизии

Фото. ЕPA-EFE/ANATOLY MALTSEV

Телевизиски канал од Русија брзо ги откажа емитувањата на серијата во која главен лик е украинскиот претседател Владимир Зеленски порадис суровата шега на сметка на лидерот Владимир Путин, пренесе британски „Гардијан“.

Сатиричната политичка серија „Службеник на народот“ поранешниот комичар Зеленски ја искористи како платформа за зголемување на својата популарност, а потоа и победа на претседателските избори во Украина. Според британскиот медиум, причината за победата на Зеленски на изборите била гневот кон сите поранешни лидери во оваа постсоветска република.

Но, со острите шеги упатени кон Путин, многу се прашуваат колку долго ќе „издржи“ оваа серија на строго-контролираните руски телевизиски фрекфенции. Одговорот е: помалку од една вечер.

Откако брзо изменија една шега на сметка на Путин во премиерната епизода, телевизискиот канал ТНТ последователно откажа емитување на понатамошните епизоди од сезоната со 23-епизоди, заменувајќи ја серијата „Службеник на народот“ со серии кои имаат помала шанса да го изнервираат Кремљ.

Серијата „Службеник на народот“ го следи измислениот лик кој го глуми сегашниот претседател Владимир Зеленски и неговиот подем од професор во средно училиште до претседател на Украина, откако неговиот говор против корупција станува многу популарен во целата земја.

Засега не е познато која шега точно е главната причина за прекинувањето на емитувањето на серијата, поради фактот што во серијата има многу шеги кои се упатени на сметка на Путин. Претходно, серијата во Русија беше рекламирана на гледачите како противтежа на вистинското владеење на Зеленски во земјата.

Телевизијата е внимателно контролиран медиум во Русија, и емитувањето на содржините кои го исмеваат Путин брзо исчезнуваа од руските канали. Најпознатата ваква забрана беше во 2002 година за шоуто „Папетс“, во кое имаше лажна верзија на Путин. Емитувањето на оваа серија, исто како на „Службеникот на народот“ на Зеленски, беше брзо прекинато.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот