Сесија зa македонската и европската легислатива во спречувањето и борбата против корупцијата

Фото: МИА архива

Националната конвенција за Европската Унија во Северна Македонија (НКЕУ-МК) денеска ќе ја одржи 14-та сесија од Работната група 3 (Поглавје 23) – „Правосудство и основни права“ на тема „Измените на Кривичниот законик од 7 септември 2023 година: македонската и европската легислатива во спречувањето и борбата против корупцијата“.

Како што соопштија од НКЕУ-МК, воведни обраќања ќе имаат проф. Милева Ѓуровска, национален координатор на НКЕУ-МК и претседателка на Европското движење во Северна Македонија и копретседавачот Мухамед Халили од Советот на амбасадори.

Во рамки на работната сесија ќе се одржи панел-дискусија на која ќе учествуваат Владо Камбовски, академик и професор на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Кристијан Дуку, генерален менаџер во Центарот за напредно истражување во менаџментот и применета етика од Букурешт, како и Оља Ристова, судијка од Основниот кривичен суд Скопје.

Во вториот дел на сесијата со своја експертиза ќе се претстават Емануеле Биритиери, доцент по казнено право на Катедрата по право и економија на Универзитетот во Рим – „Унителма Сапиенца“, Лидија Раичевиќ, јавна обвинителка во Основното јавно обвинителство – Скопје, како и Дарко Аврамовски, извршен директор од Коалицијата „Сите за правично судење“.

Се очекува низ дијалог да се разменат експертски ставови за одредени прашања кои беа дел од корпусот на измени и дополнувања на Кривичниот законик од 7 септември 2023 година. Базичните прашања во оваа дебата ќе се однесуваат на националната легислатива низ перспективата на легислативата на Европската унија. На сесијата ќе бидат споделени практики од држави-членки на ЕУ кои покажаа силни инцијативи во борбата против корупцијата, стои во соопштението.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот