Серија А: Милан со три голови за пет минути го урна Лече

фото: EPA-EFE/DANIEL DAL ZENNARO

Фудбалерите на Милан победија во шестото коло во најквалитетната италијанска лига, на домашен терен со 3:0 го совладаа Лече.

Играчите на тренерот Паоло Фонсека во овој натпревар влегоа по големата победа против Интер, а победникот на овој меч дојдоа за многу краток период.

Имено, до 38 минута мрежите мируваа, а потоа Росонерите за пет минути успеаја да постигнат три гола.

Алваро Мората прв постигна гол на асистенција на Тео Ернандез. Предноста на домашните ја удвои Хернандез на асистенција на Рафаел Леао, а конечниот резултат го постави Пулишиќ во 43 минута од средбата.

Резултатот остана непроменет до крајот на мечот, а вреди да се напомене дека Росонерите на 10 минути пред крајот на мечот останаа со десетмина на теренот откако Бартезаги доби директен црвен картон.

Во следното коло од Серија А, Милан за противник ќе ја има Фиорентина, додека Лече ќе игра против Удинезе.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот