Септември бил просечно топол и со помалку дожд

Сончево време / фото; МИА

Согласно мерењата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), септември е означен како просечно топол месец, со просечни количества врнежи на ниво на државата во споредба со многугодишните просечни вредности 1991/20, но со поизразено количество врнежи на северозападот на државата.

Средномесечната температура, според УХМР, се движела од 11,8 степени во Лазарополе до 21,9 во Гевгелија. Споредено со просечните септемвриски средномесечни температури, за триесетгодишен период (1991-2020), годинашната температура е за 0,5 степени повисока од просекот на ниво на државата.

Највисоката максимална температура е измерена на 3 септември во Гевгелија и изнесувала 37,4 степени. Најниската минимална температура во текот на месецот е измерена во Лазарополе, на 30 септември и изнесувала -0,6 степени. Во почетокот на месецот, од 1-ви до 8-ми, имаше топол бран, со максимална температура до околу 37,4 степени. Потоа беше просечно топло, а во одредени денови постудено.

Според УХМР, во септември месечната сума на врнежи варирала од 21,7mm во Демир Капија до 90,3 mm во Маврово. Врнежите беа од дожд. Максимално дневно количество на врнежи од 40mm е регистрирано во Маврово на 10-ти во месецот. Пообилни врнежи имало во средина на месецот. Споредено со септемвриската просечна вредност за многугодишен период (1991-2020), измерената месечна сума на врнежи е за 13 отсто под просечната на ниво на државата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот