Сензација во Пекинг: Тенисер кој е 96. на АТП листата ќе игра полуфинале со Синер

Фото: EPA-EFE/DANIEL MURPHY

Кинескиот тенисер, Јунчаокете Бу приреди големо изненадување и се пласираше во полуфиналето на АТП турнирот во Пекинг.

Во четвртфиналето тој го победи Русинот, Андреј Рубљов со 2:0 во сетови (7:5 и 6:4). Мечот траеше еден час и 34 минути. Пласманот на домашниот тенисер помеѓу најдобрите шест е вистинска сензација бидејќи се наоѓа на 96. позиција на АТП листата, додека Рубљов е шести.

На турнирот настапи со специјална покана, а сега ќе игра полуфиналето со најдобриот светски тенисер во овој момент, Јаник СИнер.

Во второто полуфинале ќе се сретнат Шпанецот, Карлос Алкараз и Данил Медведев. Бу после турнирот во Пекинг ќе настапи и во Шангај, турнир кој ќе се игра од 2 до 13 октомври.

Алкараз со сигурна победа до полуфинале на турнирот во Пекинг

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот