Селин Дион ги збуни сите кога објави слика од своите штикли кои асоцираат на домашно животно! (ФОТО)

Instagram

Пејачката својата модна екстраваганција ја подигна на ново ниво.

Селин Дион посебно се спреми за божиќната забава, носејќи црвен светликав фустан, но тоа што го украде вниманието беа нејзините чевли.

Всушност, нејзиниот избор бил штикли со потпис од канадската дизајнерка Кејтлин Доерти, кој во фокусот имаат пердуви со жолта, портокалова и црвена боја, а би требало да претставуваат феникс.

Сепак, овие штикли скоро сите ги асоцираа на многу шарена кокошка.

„Поздрав до Селин и кокошките“, „Зошто по ѓаволите носиш кокошки на нозете?“, „Дали кокошка-модата е нов тренд, пропуштам ли нешто?“, биле само дел од коментарите под фотографијата.

Сепак, тука беа и оние на кои изборот им се допадна, па ги означиле своите пријателки во коментарите како знак дека тоа е она што го сакаат за Божиќ.

Дали вие некогаш би ги носеле овие чевли?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот