Села најави протести организирани од Европскиот фронт

Зијадин Села - собрание на Алијанса на Албанците /Фото: „Слободен печат“ - Драган Митрески

Лидерот на едно од двете крила на Алијанса за Албанците, кое е дел од Европскиот фронт предводен од ДУИ најави протести за, како што вели, одбрана на демократијата.

„Не сме хистерични за желбата да бидеме дел од власта, водиме кауза, која има за цел праведна држава кон граѓаните, без разлика на нивниот етнички идентитет, почитување на легитимитетот на етничките заедници, Северна Македонија со политички систем, која ја одразува демографската реалност што ја има, а не желбите на поединци политичари за мајоризација на едната етничка заедница врз другата… Протестите не се дестабилизација, туку демократско право, кои ја оздравуваат демократијата кога се става во прашање, ја враќаат на прав пат. Затоа, Европскиот фронт се има изјаснето дека ќе ги преземе сите политички механизми, вклучително и протести, за да ја оздравиме оваа наша демократија, која е нападната од страна на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ“, вели Села во интервју Фокус.

Села на прашањето дали се можни немири за време на протестите вели дека само од страна на Владата може да се инфилтрираат луѓе кои ќе извршат немири.

 

„Ќе има протести. А ако владата планира да инфилтрира луѓе за да врши сценарио, нека кажат, бидејќи во Македонија, за жал, такви вклучувања на власта преку такви луѓе се случувало особено кога протестирале Албанците“, изјави Села.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот