ФОТО | Секси и младешки: Заводливата Деми Мур го украде целото внимание додека позираше со ќерките

Деми Мур со ќерките / Фото: Fati Sadou/ABACAPRESS.COM / Abaca Press / Profimedia

Актерката Деми Мур избра гламурозен и ефективен црно-црвен фустан за премиерата на филмот „Супстанции“ (Substance). Во овој филм главната улога ја толкува токму таа, а на премиерата дојде во креација од која беше тешко да се тргне погледот.

Имено, тесниот фустан беше со големо и ефективно деколте. Ја следи линијата на телото и има импресивен, црно-црвен дезен, кој потсетува на витраж – парчиња стакло во облик на цветни ливчиња. Фустанот без прерамки беше долг до земја и ја истакна совршената фигура на познатата актерка.

Фото: Fati Sadou/ABACAPRESS.COM / Abaca Press / Profimedia

Покрај атрактивниот фустан, Деми избра и впечатлив накит – висечки обетки и белегзија, како и прстен. Долгата црна коса, ја пушти во нежни бранови, а со шминката ги истакна очите и јаболчниците.

Фото: Jeffrey Mayer/MPI / Capital pictures / Profimedia

Младешкото и секси издание на познатата актерка не можеше да помине незабележано. Иако, Деми на премиерата на филмот се појави со нејзините три ќерки – Румер, Скаут и Талула, кои ги има од брак со Брус Вилис, актерката го украде целото внимание на црниот тепих.

„Потроши 250 илјади фунти на операции“: Хирург ги откри тајните на Деми Мур, која тврди дека не правела естетски корекции

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот