„Секси бабата“ која спиела со 800 мажи, конечно ја пронајде својата сродна душа

Фото: Принтскрин/Инстаграм

„Суперфит бабата“ Андреа Саншајн од Бразил се најде во центарот на вниманието откако се пофали дека по разводот спиела со повеќе од 800 мажи.

Поради својот беспрекорен изглед секојдневно добива многу предлози за брак, но, како што самата признава, нејзино „гориво“ е сексот, а признала и дека излегувала на состаноци и со мажи и со жени меѓу три и пет пати неделно.

– Еден Ирец ми понуди 200 кози само за да се омажам за него, што е лудост. Ми понуди и 50.000 фунти за да ме гледа како се бричам долу, но исто така ме замоли да му го покажам и моето лице на видео. Не можете да одбиете 50.000 фунти – рекла таа во една прилика.

Фото: Принтскрин/Инстаграм

Инаку, Андреа била во брак и има две внучиња, затоа ја нарекуваат „фит баба“.

Сепак, таа сега конечно се „смирила“ покрај маж на нејзина возраст, но тврди дека тоа нема да ја спречи и понатаму да се забавува.

– Се испостави дека станува збор за човек кој ми е стар пријател и кој долго време не сум го видела – рекла Андреа и продолжила:

„Веднаш си се допаднавме и сега сме во врска, живееме заедно. Тој знае сè за мојот живот и ме сака таква каква што сум.“

„Одлучивме да имаме отворена врска додека подобро не се запознаеме. Не затоа што јас би можела да бидам со други. Тој е отворен за сè и се согласува на сè што би сакала да истражам, ако тој тоа го знае – рекла Андреа.

Таа додала и дека извесен период избегнувала сериозни врски и наместо тоа се фокусирала на раст и развој.

Андреа, која работи како животен тренер и фитнес-инфлуенсерка, вели дека засега таа и нејзиниот партнер добро се согласуваат, пишува британски „Мирор“.

– Сè уште немало некоја жестока љубомора или посериозни кавги. Само неколку различни гледишта и тоа е тоа. Но, и тешките периоди се дел од процесот. Кога ја делите истата куќа секој ден, ќе наидете и на некои предизвици. Но, ние сме доволно зрели за да можеме да комуницираме со почит и двајцата ги сакаме истите работи. Имаме многу заеднички работи, па тоа ги олеснува нештата. Во иднина сакаме да растеме заедно, да бидеме среќни и исполнети со љубов, онолку колку што и заслужуваме – задоволно заклучила Андреа.

Фото: Приватна архива

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот