Сејдини: Ме нападнаа тројца, се надевам дека полицијата што побрзо ќе го расветли инцидентот

Претседателот на Фудбалската федерација, Мухамед Сејдини, кој денеска беше нападнат од три лица на паркинг во близина на познат скопски ресторан, не е сериозно повреден. Во изјава за ТВ „Клан Македонија“, Сејдини вели дека напаѓачите биле тројца, а по нападот веднаш избегале.

Тој даде исказ во полициска станица околу инцидентот, а потоа во изјавата за ТВ Клан ги повика надлежните што побрзо да го расветлат случајот.

Портпаролот на ФФМ претходно за „Алсат“ потврди дека се случил напад врз Сејдини, кој бил заедно со придружник, а напаѓачите им се нафрлиле во моментите кога првиот човек на ФФМ го напуштал ресторанот, каде имал работен состанок.

МВР вечерва за „360 степени“ појасни дека наспроти информациите во медиумите дека напаѓачите носеле маски, Сејдини во исказот кажал дека тие не биле маскирани.

„На 27.09.2024 околу 18.40 часот М.С. (55) од Кичево, пријавил дека пред угостителски објект во Скопје бил физички нападнат од неколку лица, кои при нападот немале маски на главите, по што се оддалечиле. Се преземаат мерки за пронаоѓање на напаѓачите и за расчистување на случајот“, велат од МВР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот