Сеизмолошката опсерваторија објави детали за вечерашниот земјотрес кај Берово

Земјотрес/ Фото: МИА

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, вечерва во 21 часот и 28 минути, регистрираше земјотрес чиј епицентар припаѓа на епицентрално подрачје Делчево-Берово, со Рихтерова локална магнитуда ML3.2, соопшти Сеизмолошката опсерваторија.

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван од населението на Берово и околината, со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

Како што претходно објави Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ), земјотресот бил со епицентар на 12 километри северно од Берово. Потресот бил на длабочина од 12 км, а бил почувствуван и во соседна Бугарија.

Минатата недела два слични, послаби земјотреси беа регистрирани во земјава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот