Седум рецепти за ручек без готвење или шпорет: За секој ден во неделата, спас во горештините

Фото: Shameel mukkath / Pexels

Кога ќе дојде летото, особено кога температурите се високи, немаме желба да го вклучиме шпоретот или ринглата за да испечеме, испржиме или направиме нешто.

Затоа, денеска ви носиме 7 рецепти за цела недела, ручеци кои ќе ви ја олеснат работата во текот на летните денови, а притоа ќе ве заситат уживајќи во нивниот вкус.

Фото: PickPik

Ден 1: Брускети со домати и моцарела

Состојки:

– 4 парчиња багет
– 2 домати, исечени на коцки
– 100 г моцарела, исечкана на коцки
– свеж босилек, ситно сечкан
– маслиново масло
– сол и бибер по вкус

Подготовка:

Во сад измешајте ги доматите, моцарелата и босилекот.

Додадете маслиново масло, сол и бибер по вкус.

Распоредете ја смесата рамномерно врз парчињата багети и послужете.

Фото: Needpix

Ден 2: Тортилји со зеленчук и црн грав

Состојки:

– 4 тортилји
– 1 конзерва црн грав, исцеден и исплакнат
– 1 авокадо, изгмечено
– 1 домат
– 1 краставица, исечкана на коцки
– 1/2 црвена пиперка, исечена на ленти
– 1/4 црвен кромид, ситно исечкан
– сок од 1 лимон
– сол и бибер по вкус

Подготовка:

На секоја тортилја намачкајте слој од пасиранато авокадо.

Додадете ги црниот грав, пиперката и црвениот кромид, доматите и краставиците исечкани на коцки.

Прелијте со сок од лимон, посолете и побиберете.

Тортилјите свиткајте ги во ролна и послужете.

Фото: Профимедиа

Ден 3: Сендвичи со песто и свеж зеленчук

Состојки:

– 4 парчиња интегрален леб
– 100 г песто од босилек
– 1 домат, исечен на тенки парчиња
– 1 краставица, исечкана на тенки ленти
– 1 морков, изрендан
– 50 г рукола

Подготовка:

На секоја парче леб намачкајте песто.

Додадете домат, краставица, морков и рукола.

Ставете две парчиња леб едно врз друго и послужете.

Фото: Kvitochka / GoodFon

Ден 4: Ролнички со шунка и зеленчук

Состојки:

– 4 листови зелена салата
– 200 г шунка, исечкана на тенки парчиња
– 1 морков, изрендан
– 1 краставица, исечкана на тенки ленти
– 1 авокадо, исечкано на парчиња
– 50 г крем-сирење

Подготовка:

На секој лист зелена салата ставете парче шунка.

Врз шунката наредете ги морковот, краставицата и авокадото.

Додадете мала количина крем-сирење.

Листовите зелена салата свиткајте ги во ролнички и послужете.

Фото: Delo-vkusa.ru

Ден 5: Грчка салата со пилешко

Состојки:

– 200 г варени пилешки гради, исечкани на ленти
– 1 краставица, исечкана на коцки
– 1 домат, исечен на коцки
– 1/2 црвена пиперка, сечкана
– 1/4 црвен кромид, ситно сецкан
– 10 маслинки, преполовени
– 100 г фета-сирење, ситно издробено
– сок од 1 лимон
– маслиново масло
– сол и бибер по вкус

Подготовка:

Измешајте ги сите состојки во голем сад.

Посипете со сок од лимон и маслиново масло.

Додадете сол и бибер по вкус.

Добро измешајте и послужете.

Фото: PickPik

 

Фото: Katherine Martinelli / Flickr

Ден 6: Пита без печење со хумус и зеленчук

Состојки:

– 2 цели тортилји
– 200 г хумус
– 1 морков, изрендан
– 1 краставица, исечкана на тенки ленти
– 1 црвена пиперка, исечкана на ленти
– 50 г рукола или спанаќ
– 1 авокадо, исечкано на парчиња

Подготовка:

Намачкајте го хумусот врз тортилјата.

Рамномерно распоредете ги морковот, краставицата, пиперката, руколата и авокадото.

Питата свиткајте ја во ролна и послужете.

Фото: Praleska.eu

Ден 7: Медитеранска салата со туна

Состојки:

– 1 конзерва туна, исцедена
– 1 краставица, исечкана на коцки
– 1 домат, исечен на коцки
– 1/2 црвена пиперка, исечкана
– 1/4 црвен кромид, ситно исечкан
– 10 маслинки преполовени
– 100 г фета-сирење, издробено
– сок од 1 лимон
– маслиново масло
– сол и бибер по вкус

Подготовка:

Измешајте ги сите состојки во голем сад.

Прелијте со сок од лимон и маслиново масло.

Додадете сол и бибер по вкус.

Добро измешајте и послужете.

Добар апетит!

Фото: Tako Tsiklauri/ Pexels

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот