Седум Палестинци загинаа на Западниот Брег по нападот на израелската војска

Израелски војници/EPA-EFE

Во напад на израелската војска во Џенин, на окупираниот Западен Брег, денеска загинаа седум Палестинци, соопшти израелската армија. Нејзините сили опколиле зграда во која екстремистите се забарикадирале, а израелски авиони погодиле цели во областа.

Палестинските медиуми објавија дека воени возила опколиле куќа во бегалскиот камп Џенин и дека од Палестинците во неа било побарано да се предадат.

Во рацијата биле употребени ракетни фрлачи и беспилотно летало што ја погодило куќата.

Претходните извештаи наведуваа дека загинале пет Палестинци, но бројот на жртвите бил зголемен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот