Се затвораат сите пазари во Струмица

Сите пазари на мало и големо од сабота ќе бидат затворени, информираат од ЈПКД „Комуналец” кое стопанисува со нив.

– Ги известуваме сите граѓани дека од сабота, 28 март, сите пазари за прехранбени и земјоделски производи на отворено, вклучително Кванташкиот и Сточниот пазар, се затвораат за работа. Се молат сите граѓани да ги следат наредбите на Владата и да го почитуваат полицискиот час, стои во информацијата на струмичкото комунално претријатие.

Пазарот во ГТЦ „Глобал” е затворен откако беше објавена мерката на Владата за затворање на трговските центри и молови, а до утре ќе работат пазарите „Чешел” и „Кантон”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот