Се враќа оградата околу Владата, со неа и Коце Трајановски во политиката – 2016 година никогаш не била поблиску, велат од СДСМ

Фото: МИА

Само по неколку владини одлуки и една шака нови функционери, јасно е кој правец го фати ВМРО-ДПМНЕ. Тоа е правецот наназад кон 2016 година.

– ВМРО-ДПМНЕ реши едно од претпријатијата со најголем буџет, Јавното претпријатие за државни патишта, му го довери на Коце Трајановски. Градоначалникот кој го спроведе најголемиот градежен криминал во историјата на земјата, проектот Скопје 2014, сега ќе има моќ да раководи со најголемите инфраструктурни и градежни проекти – велат од опозициската СДСМ.

Според нив, со овој потег веќе се најавува огромна корупција.

СДСМ партиска зграда Фото: “Слободен печат”, Драган Митрески

„Коце Трајановски е човекот кој во својата најтесна фамилија е косопственик и управител на фирмата „Косистеми ДОО“ чија дејност опфаќа и градежништво. Ова е најава за огромна корупиција која се подготвува во ова претпријатие. Нема поголема потврда како планира да работи ВМРО-ДПМНЕ од оваа одлука со која рехабилитираат функционери кои нанеле државна штета од преку 700 милиони евра. Граѓаните не гласаа за враќање назад туку за промена која воопшто не се случува и тешко дека ќе се случи“, се вели во соопштението од СДСМ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот