Сè уште гори пожарот во Чаир, ќе помага специјално армиско возило

Гаснењето на пожарот во скопски Чаир се одвива отежнато поради големата количина на чад и високата температура во подрумите во кои била складирана поголема количина на запаливи материјали, известуваат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Дополнително, како помош на скопските пожарникари ќе пристигне специјално противпожарно возило на Армијата.

Пожарот избувнал во раните утрински часови, од запалена пластика во еден од подрумите кој се користел како магацин. Жителите од пониските катови се спасиле со трчање, а од повисоките катови биле евакуирани од пожарникари.

Триесетина возрасни и 12 деца се пожалиле на проблеми со дишењето.

Деветкатницата е сместена во густо населена урбана средина. Пајак службата дислоцираше паркирани возила, за да можат пожарникарите да пристапат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот