Се укинува државната матура, училишната матура и завршниот испит за оваа учебна година!

Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Пратеникот од редовите на СДСМ, Мухамед Зекири на својот фејсбук профил ги изнесе најновите одлуки на Владата, една од нив е дека се укинува државната матура, училишната матура и завршниот испит за оваа учебна година:

– Учениците од основните и средните училишта не се враќаат во училишните клупи до крајот на наставната година

– Тековната учебна година до крај ќе продолжи да се реализира преку организирање на далечинско учење, односно учење од дома;

– Уписот на првачињата за учебната 2020/2021 година ќе се врши во јуни;

– Се уредуваат уписите на високообразовните установи, сподели Мухамед Зекири на Фејсбук.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот